Castolin

Заварување, лемење, метализација во светот на репарационо заварување

Messer Vardar Tehnogas согласно со групацијата Messer во својата продажна програма ја има и целокупната палета на реномираната светска фирма Castolin Eutectic.

Уште од 1906 година, Castolin Еutectic е светски лидер во областа на репаратурното машинско одржување, како со високиот квалитет на своите специјални дополнителни материјали, така и со програмата на најмодерни уреди за заварување, лемење и метализација. Сепак, како водечка светска фирма во оваа област на пазарот, мора да споменеме дека дел од репутацијата е изграден благодарејќи на услугите од областа на машинското одржување: од економична стратегија на одржување преку планирање на успешни мерки за заштита од абење, до практично ориентирана програма за обука на вработените и техничарите.

Со користење на производите од програмата на Castolin Eutectic не се добива само врвен квалитет на дополнителните материјали и апарати, туку истовремено се добива и практичен know-how, стручни совети и интензивна сервисна услуга: од дефинирање на проблемот до негово успешно решавање. Поради тоа сакаме да Ве информираме за своите можности.

УСПЕШНО ГИ РЕШАВАМЕ ПРОБЛЕМИТЕ НА АБЕЊЕ И ЗАВАРУВАЊЕ НА СПОЕВИТЕ КОИ ТЕШКО СЕ ЗАВАРУВААТ ИЛИ СЕ ОПТЕРЕТЕНИ.

Проблем на абење: заварување, заштитно наварување и готови антиабечки плочи (CDP плочи),  го решаваме секој проблем на екстремно абење на критичните делови, и кога се работи за абразија, ерозија, јаки удари фикција или корозија.

Проблем на заварување/спојување: заварување на тешко заварливи делови, поправка и надградба на скршени делови и машини, заварување на динамички оптеретени делови, како и црно-бели споеви успешно ги решаваат нашите специјални дополнителни материјали и технологија на заварување.

Нашите производи може да се поделат во неколку основни групи:

  • REL електроди
  • Континуални полни и наполнети жици
  • Голи и обложени жици и стапови
  • Растопувачи и пасти
  • Прав за метализација
  • Опрема

Производниот програм е поделен во следниве групи:

  • Леено железо
  • Нелегирано, нисколегирано и високолегирани челици
  • Не`рѓосувачки челици
  • Бакарни легури, алуминиумски легури, титан легури и магнезиум легури
  • Високо легирани сребрени лемови
  • Меко и тврдо леење
  • Разни растопувачи и пасти
  • Ладна и топла метализација, керамизација
  • Плазма заварување и режење
  • Производи за жлебење и режење

Исто така поседуваме и широка палета на заварување и метализација.

За сите дополнителни информации и сугестии Ви стоиме на располагање.