Медицинска опрема

1. Опрема за домашна терапија со кислород (Home care program)
1.1 Кислородни боци од 3L, 5L и 10L


Кислородните боци се најстар и најраспространет начин на снабдување со кислород. Освен што се применуваат во клиниките, својата улога ја имаат и за употреба во домашни услови. Во зависност од потребите може да се избере 10 L, 5 L, или пак 3 L кислородна боца.

1.2 Концентратор за кислород
Концентраторот за кислород се употребува во болнички и домашни услови. Го подобрува квалитетот на живот на брз и ефикасен начин. Едноставен е за употреба, работи со вклучување во струја и од амбиенталниот воздух го создава потребниот кислород.  Економичен е и лесно подвижен заради вградените тркалца. Неговота употреба е преку носна канила или маска за дишење. Со негова употреба се овозможува извршување на вообичаени лесни активности во домот. Безшумен е и може да работи 24 часа непрекинато. 

Упатство за употреба на концентратор за кислород

1.3 Помагала за користење на Home care програмата
- Маски за дишење
- Носни канили
- Овлажнувачи

2. Опрема за централно снабдување со медицински гасови во болнички услови

- Аларм табли со колектори за ситемско поврзување на  боци
- Директни и индиректни приклучоци за линии за снабдување со гасови во болници
- Медицински регулатори

3. Опрема за криогена терапија
- Контејнери за течен кислород
- Канистри за течен азот

Каталог за производи за кислородна и кирогена терапија