За нас

MESSER е име на компанија кое веќе 111 год. се поврзува со индустриски гасови. Messer Group произведува и ги снабдува своите купувачи со кислород, азот, аргон, јаглеродендиоксид, водород, хелиум, инертни гасови за заварување, специјални гасови, гасови за медицинска употреба како и широк спектар на гасни смеши.

Колку што е голем изборот на гасови, исто толку е широк спектарот на индустриски гранки кои ги употребуваат гасовите и ги користат предностите на  нивната специфична употреба и знаењето на вработените во Messer. Некои од областите во кои се употребуваат гасовите се: металната индустрија и индустрија за челик, хемиската индустрија, прехранбената индустрија, фармацијата, автомобилската и електро индустријата, медицината, технологиите за истражување и заштита на животната средина.

Нашите позитивни особини и предности зборуваат сами за себе:
преку 4.000 вработени;
повеќе од 300 технологии за употреба на гасовите;
преку 130 гасови и гасни смеши;
повеќе од 400 милиони евра инвестиција до 2008 год.;
120 сопствени постројки.

Месер Вардар Техногас е формирана 1997 год. како 100% германски капитал. Месер Вардар Техногас во моментов располага со полниница за кислород и полниница за јаглродендиоксид, Имаме продажни места ширум Македонија - во Куманово, Крива Паланка, Свети Николе, Штип, Кочани, Струмица, Гевгелија, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Гостивар и Тетово.