Кислородот како лек

На 07.06.2011 Месер Вардар Техногас  го регистрираше медицинскиот кислород како лек. Со тоа Месер Вардар Техногас е првата компанија во Р. Македонија која регистрира медицински гас како лек. Министерството за здравство на Р. Македонија издаде одобренија за ставање во промет на течниот и компримираниот медицински кислород  во 10 L и 40 L челични боци, чиј производител е Месер Техногас АД Србија, во важност до 23.11.2015 година и со единствени цени.