ISO 22000:2005 и PAS 220:2008

На 26.06.2011 на Месер Вардар Техногас му беа доделени сертификати за успешно имплентирање, применување и одржување на барањaта на системот за менаџмент за безбедност на храна, во согласност со стандардот  ISO 22000:2005, и предусловните програми за безбедност на храна PAS 220:2008. Со овие сертификати, доделени од страна на сертификациската куќа CERTOP – Будимпешта, Месер Вардар Техногас докажува дека ги исполнува сите услови за безбедно производство, полнење и продажба на течен CO2 во прехрамбената индустрија, односно во  индустријата за пијалоци.

Со овие сертификати, комплетно се покриени и HACCP барањата, за кои Месер Вардар Техногас веќе се има сертифицирано во 2009 год.