Турнир во мал фудбал

Во духот на европското првенство во фудбал, Македонско-германското стопанско здружение (DMWV) оваа година за првпат организираше фудбалски турнир за своите фирми членки.

Турнирот во мал фудбал се одржа на 09. Јуни во спортскиот центар Работнички во Скопје, на кој се разбира учествуваше и Месер Вардар Техногас со својот фудбалски тим. Тимот на Месер, составен од 9 членови, во конкуренција од 8 екипи, стигна до четвртото место.

Но, вистинска атракција беше учеството на девојче, наша вработена, во екипата на Месер , за што доби и соодветно признание.

Страна 1 од 2