Stefan Messer ја доби наградата "Focus for Excellence"

Stefan Messer, сопственик и директор на производителот за индустриски гасови - Messer, ќе биде награден за неговите постигнувања во претприемништвото со наградата за претприемачи "Focus for Excellence". Оваа награда се доделува секоја година на претприемачи и компании кои се истакнуваат со своите важни традиционални вредности и ги практикуваат нивните примери на претприемништво од страна на Асоцијацијата на претприемачи Liberaler Mittelstand Hessen e.V. Согласно асоцијацијата ова вклучува "имплементирана долготрајност на основните разбирања во работењето со луѓе, процеси и производи, како пример за бизнис политика за развој на производи и услуги, или пазар со надминати тешки ситуации  и претприемништво во пракса".

Од 25 компании кандидатки од федералната држава Hesse, жирито- составено од VIP личности од полето на бизнисот, политиката и науката - сметаше дека Stefan Messer е најдобар, меѓудругото и поради неговите целни инвестиции во бизнис места во Германија, начинот на кој ја надмина финансиската криза со неговата одлучна стратегија за  штедење на трошоци, и со 112- годишната традиција на компанијата. Stefan Messer јасно кажа : "Јас ќе ја прифатам наградата за целокупната групација на Messer во име на сите вработени".

Наградата ќе биде предадена од Dieter Posch, Министер за економија на Hesse, за време на вечерниот настан "Mittelstandstag FrankfurtRheinMain" кој ќе се одржи во Франкфурт на Мајна на 28. Октомври 2010 година.

Страна 1 од 1