Сертификат за акредитација на лабораторија за испитување на гасови, гасни смеши и подвижни садови под притисок согласно ISO 17025:2006

Лабораторијата на Месер Вардар Техногас за испитување на гасови, гасни смеши и подвижни садови под притисок, на 16 март 2011 година, се здоби со сертификат за акредитација согласно барањата на стандардот MKС EN ISO/IEC 17025:2006.

Институтот за акредитација на Република Македонија и додели на Лабораторијата на Месер Вардар Техногас сертификат за акредитација бр. ЛТ-022, со кој и се овозможува да врши испитување на гасови, гасни смеши и подвижни садови под притисок.

Лабораторијата на Месер Вардар Техногас се состои од три оддели лоцирани на две локации:
1. Оддел за испитување на гасови и гасни смеши - Скопје
2. Оддел за испитување на подвижни садови под притисок - Скопје
3. Оддел за испитување на јаглерод диоксид - с.Меџитлија, Битола

Со оваа акредитација Месер Вардар Техногас во потполност и целост го обезбедува досегашниот квалитет на гасовите и гасните смеши како и на подвижните садови под притисок.