Октоберфест во Скопје

„Aaagzapft is“-„тапата е отворена“ вака започнува секој „Октоберфест“ во Минхен, а во Македонија германската амбасадорка, госпоѓата Улрике Кноц, симболично ја отвори тапата на првото буре со пиво!

Во автентична атмосфера под шатори, со пиво, германски колбаси, переци, пријатна музика и добро расположение помина и овогодинешниот Октоберфест во Македонија на кој беа поканети скоро сите германски фирми и застапништва во Македонија и нивните деловни партнери.

Оваа година минхенскиот Октоберфест го слави својот 200-годишен јубилеј. Во меѓувреме Октоберфест стана исто така традиција на Македонско-Германското стопанско здружение и се одржа по четврти пат во Скопје.

Страна 1 од 1