Посета на Штефан Месер на Македонија

Сопственикот на германската компанија, господинот Штефан Месер и регионалниот директор за Југоисточна Европа, господинот Ернст Боде на 30-ти јуни ја посетија фабриката за призводство на течен јаглероден диоксид, на Месер Вардар Техногас.   
Во 2009 год MESSER го купи погонот за производство на јаглероден диоксид (CO2), што претставува најголема инвестиција на групацијата во регионов.

Погонот за производство на CO2, лоциран во с. Меџитлија – Битола, во моментов има капацитет на производство од 2 тони/час течен јаглероден диоксид. Оваа година со доинвестирање и реновирање ќе го зголемиме капацитетот на производство на околу 4 тони/час, а со тоа уште повеќе ќе го зголемиме извозот на јаглероден диоксид кон Грција, Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Турција и останатите земји од регионов.

Господинот Месер беше презадоволен од тоа како изгледа новата фабрика за CO2 во Меџитлија и за тоа срдечно им се заблагодари на вработените во Месер Вардар Техногас.

Страна 1 од 2