N20


Азотниот оксидул е безбоен, нетоксичен и назапалив гас, со малку сладок вкус, и е потежок од воздухот 1,5 пати. На нормална температура е многу стабилен, но на повисока температура има големо оксидационо дејство бидејќи на температура над 400°C се разложува на кислород и азот.


УПОТРЕБА

Основната употреба на азотниот оксидул е во медицината како анестетик поради тоа што е најмалку токсичен од сите други познати анестетици.
Обично се употребува во облици на комбинирана инхалациска анестезија.

Покрај основната употреба во медицината, азотниот оксидул се употребува и како потисен гас (пропелант) за аеросол пакувања во прехранбената индустрија (шлаг, сируп, концентрат од кафе) како и за фармацефтски и козметички препарати.


ИСПОРАКА

Азотниот оксидул се испорацува како втечнет гас во челични боци под притисок од 50 бари на 20°C.