Сув мраз

(јаглерод диоксид во цврста агрегатна состојба)

Сувиот мраз е јаглероден диоксид во цврста агрегатна состојба на температура од -79оС. Сувиот мраз се произведува од течен јаглерод диоксид при контролирани услови во специјлано конструирани машини. При овој процес прво настанува сув снег, а потоа со компресија и сув мраз, кој се пресува низ “extruder” плоча, и така се добива производ со различни димензии.

ИСПОРАКА

Сувиот мраз се испорачува во облик на пелети ( долгнавести валци), со пречник 3 mm или 16 mm.

Или во облик на блок димензии 25 cm x 25 cm x 40 cm, со просечна тежина околу 25 kg.

УПОТРЕБА

Сувиот мраз има широка палета на употреба од ладење на храната и пијалоците во кетеринг услугите, транспорт на крв, крвна плазма и органи на ниски температури, па се до чистење и одмастување на различни површини по методот на Dry Ice Blasting.

TРАНСПОРТ

Пакувањето и транспортот на сувиот мраз се врши во специјално изработени и изолирани контејнери за чување, во кои доаѓа до минимално губење од масата на сувиот мраз кое изнесува од 4-6 % дневно. Постојат различни димензии и конструкции на контејнери за 40 kg, 200 kg, или 320 kg. на сув мраз.