Водород

КВАЛИТЕТ

H2 ≥ 99.999 % vol.
O2 ≤ 0.0002 % vol.
N2 ≤ 0.0005 % vol.
H2O ≤ 0.0003 % vol.

 

 

ПРОИЗВОДСТВО

Водородот се добива со селективна адсорбција на примесите од сировиот водород ( од хлоралкални комплекси, електролиза на вода, парцијална оксидаија на јаглеводороди и јаглерод итн.)

ИСПОРАКА

Во челични садови-боци, под притисок од 150 бара. Боците се поединечни или во батерии –палети со заеднички вентил за полнење и празнење, во батериите- садовите- боците се трајно вградени на транспортното возило или во течна агрегатна состојба со специјални транспортни возила се испорачуваат до резервоарите на корисниците.

ОСОБИНИ

Под нормални услови е во гасовита агрегатна состојба. Не е отровен. Запаллив е ( границата на експлозивност во воздухот му е  од 4 -94 % ). Минималната енергија на иницијацијата на палење е 0.02 mJ. Температурата на пламенот при стехиометриско согорување њ 1930 оС.

ПРИМЕНА

  • Во процесите на согорување ( индустрија на стакло, обработка на скапоцени камења, сечење и заварување на металот )
  • Во процесите на редукциона атмосфера во металургијата, рафинацијата на металите, во термичката обработка на металите.
  • Во производството на полупроводниците
  • Во хемиската индустрија за производство на синтезни смеши, редукција, хидрогенизација и десулфуризација.
  • Во производството на електрична енергија
  • Во инструменталните анализи
  • Во метеорологијата
  • Во електрониката

 

ПОСТАПУВАЊЕ СО ГАСОТ

Работата со водородот како гас бара примена под посебни мерки на заштита и прописи.

МАТЕРИЈАЛИ

Се препорачува употреба на легури на алуминиум, магнезиум и никел. Може да се примени синтетички каучук и слични полимери ( сите само за гасовит водород)