Аргон

MKS H.F1.014

Квалитет: 5.0

Ar
≥ 99.999% vol.
O
≤ 0.0002% vol.
CO2 ≤ 0.0001% vol.
N2 ≤ 0.0005% vol.
H2 ≤ 0.0002% vol.

    
ПРОИЗВОДСТВО

Се добива со ректификација на течен воздух (кислородни фракции) на температура под -185°C

ИСПОРАКА

Во челични садови - боци, под притисок од 150 и 200 бара.


ОСОБИНИ

Во нормални услови аргонот е во гасна агрегатна состојба. Тој е инертен и не реагира под никои стандардни технолошки услови.  Преминува во течна состојба на -186°C и 1.013 бари.


УПОТРЕБА

  • Во техниките на заварување, чист или во гасни смеши со CO, CO2, H2 и N2;
  • Во металургијата за термичка обработка и производство на високолегирани челици, за заштита на одлвиците, за десулфуризација итн.;
  • Во електрониката за производство на полупроводници, во нуклеарната техника итн.



УПОТРЕБА НА ГАСОТ

Употребата на аргонот под притисок како и употребата на течниот аргон подлежи на посебни прописи и мерки за заштита.

МАТЕРИЈАЛИ

За гасниот аргон можат да се употребуваат поголемиот број вообичаени материјали.
За течниот аргон се препорачуваат аустенитни челици, алуминиум, бакар и легури, тефлон итн.