Азот

MKS H.F1.012


Квалитет: 4.5

N2
≥ 99.995% vol.
O2 0,0010% vol.
H2O ≤ 0.0010% vol.


ПРОИЗВОДСТВО

Се добива со ректификација на течен воздух  на температура под -185°C

ИСПОРАКА

Во челични садови - боци, под притисок од 150 бара.


ОСОБИНИ

Во нормални услови азотот е во гасна агрегатна состојба. Тој е без мирис, не е отровен, но е задушлив. Во нормални технолошки услови се однесува како инертен гас. Преминува во течна состојба на -195°C и 1.013 бари.


УПОТРЕБА

  • Како инертен гас во металургијата, хемиската индустрија, прехранбената индустрија  и во земјоделството;
  • За транспорт на агресивни материи;
  • За регулирање на калоричната вредност на горивните гасови;
  • За синтезни смеши во хемиската индустрија;
  • Во течна агрегатна состојба за брзо ладење во индустријата, при производство на храна, во медицината и ветерината, во научнотехничките истражувања.



УПОТРЕБА НА ГАСОТ

Употребата на азотот под притисок како и употребата на течниот азот подлежи на посебни прописи и мерки за заштита.

МАТЕРИЈАЛИ

За гасниот азот можат да се употребуваат поголемиот број вообичаени материјали.

За течниот азот се препорачуваат аустенитни челици, легури на бакар и алуминиум, тефлон итн.