Кислород

MKS H.F1.010


Квалитет: 2.5

O2
≥ 99.5% vol.
CO2
≤ 0.0010 % vol.
CH ≤ 0.0020 % vol.
H2O ≤ 0.0010 % vol.


ПРОИЗВОДСТВО


Се добива со ректификација на течен воздух на температура под -185°C

ИСПОРАКА

Во челични садови - боци, под притисок од 150 и 200 бара.


ОСОБИНИ

Во нормални услови кислородот е во гасовита агрегатна состојба. Тој е неопходен за опстојувањето на живите суштества. Кислородот е силен оксиданс. Преминува во течна состојба на -183°C. (1.013 бари)


УПОТРЕБА

  • Во процесите на согорување заради постигнување на повисоки температури;
  • Во металопреработувачката индустрија и металургијата за сечење и заварување, за интензивирање на технолошките процеси;
  • Во индустријата за неметали за постигнување на повисоки температури;
  • Во хемиската индустрија за производство на синтезни гасови;
  • Во технологијата за заштита на животната средина
  • Во други области како медицина, биолошките науки, прехранбената индустрија, научно-технички истражувања итн.



УПОТРЕБА НА ГАСОТ

Употребата на кислородот под притисок како и употребата на течниот кислород подлежи на посебни прописи и мерки за заштита.


МАТЕРИЈАЛИ

Не е дозволено контакт на кислородот со органски материи, масла и маснотии.
За течниот кислород се препорачуваат аустенитни челици, алуминиум и легури, бакар и легури.
Дозволена е употреба на флуорни полимери (тефлон).
За гасниот кислород, под одредени услови е дозволена употреба на лесно легирани челици и легури на бакар и алуминиум.