Ацетилен

КВАЛИТЕТ 2.0

C2H2  ≥ 99.0 % vol.
PH3 ≤ 0.03 % vol.
H2S ≤ 0.03 % vol.

ПРОИЗВОДСТВО

Ацетиленот се добива со разложување на калциум карбидот со вода, чистење на гасот и растворање под притисок во соодветна амбалажа.

ИСПОРАКА

Во челични садови – боци, под притисок од 18 бара во растворена состојба.

ОСОБИНИ НА АЦЕТИЛЕНОТ

Под нормални услови е гас. Нестабилен е. Минималната температура на палење e 305 оС. Температурата на пламенот при стехиометриско согорување е 2590 оС. Границата на екплозивност е 2.2-85% на 20 оС и 1,013 bar.

ПРИМЕНА

Се применува кај оксиацетиленскиот пламен во техниката на заварување и сечење на металите.

Има повеќекратна примена во хемиската индустрија за производтво на интермедиери и готови производи, за производство на специјални саѓи, за расветлување итн.

ПОСТАПКА СО ГАСОТ

Работата со ацетилен подлегнува на посебни прописи. Не е дозволено нагло празнење на садовите, механичко удирање и неконтролирано менување на односот волумен-притисок во затворен простор.

МАТЕРИЈАЛИ

Забранета е употреба на бакар, сребро и жива. Легурите со бакар со застапеност на бакарот над 70 % не се дозволени. Можна е примена на синтетски каучук, PVC итн.
Полиетилен не може да се примени.

БЕЗАЗБЕСТНА ПОРОЗНА МАСА

Челичните садови – боци се полнети со специјална монолитна порозна маса од сопственото производство. Масата има висока порозност ( над 92% ) и регулиран облик и димензија на порите, нема непорозни агломерати. Овозможува сигурна и економична работа со ацетилен.